„Си Денс“ фестивалот триумфално ја заклучи летната фестивалска сезона

Со досега невидена маратонска програма во последниот ден на Си Денс Фестивалот, која траеше 16 часа и сѐ до вчера изутрина, завршена е летната фестивалска сезона! Во низата предизвици пред кои се најдоа организаторите во изминативе месеци, се придружи и саботната бура, поради која целосната програма од тој ден беше преместена за недела. Но затоа пак, еден од најдолгите фестивалски денови забележан на овие простори, носен од маестралните настапи на „Тејл ов ас“, Борис Брејча и Сенида ќе остане запишан во историјата! Во летото во кое светската манифестациска индустрија полека се крева на нозе, тимот на „ЕГЗИТ“ успеа, по фестивалот во Нови Сад, да го реализира и „Си Денс“ и да ја впише Црна Гора на европската фестивалска мапа, со ригорозно почитување на епидемиолошките мерки на влезовите.

Настанот со кој е продолжено летото, го препознаа и публиката и изведувачите, но и самата Влада на Црна Гора, чиј потпретседател Дритан Абазовиќ го посети отворањето на фестивалот и изјави дека „Си Денс“ го гледа како „круна на успешната туристичка сезона“. Буљарица од 26 до 29 август, преку продолженото четиридневно издание на „Си Денс“ ја посетија повеќе од 22.000 посетители од повеќе од 40 земји во светот. Сите тие уживаа во одличните, длабоко емотивни и инспиративни настапи на големите светски и регионални ѕвезди, како што се Масео Плекс, Борис, Брејча, „Тејл ов ас“, „Медуза“, Сатори, Топик, Сенида, Бајага и Инструктори, Војко В, Тијана Т, Фокс и Сурреал и многу други. За некои од нив ова беше прв настап по речиси година ипол пауза, а за некои и прва средба со Црна Гора, Будва и плажата Буљарица, при што не ги штедеа комплиментите за локацијата.

Присуството на „Си Денс“ беше организирано во склад со мерките кои важат во Црна Гора за борба против пандемијата и процедурите беа спроведувани ригорозно, со надзор на санитарната инспекција за време на целиот фестивал. За влез беше потребен еден документ – потврда за примена најмалку една доза вакцина против Ковид-19, или дека е прележан Ковид-19 (да има поминато не помалку од 14 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брз антигенски тест), потоа негативен ПЦР тест на САРС-Ков-2 не постар од 72 часа, или негативен антигенски брз тест-БАТ не постар од 48 часа. За посетителите кои не поседуваа ништо од горе наведените документи, „Си Денс“ имаше обезбедено брзи тестови по повластени цени.

Првата вечер на фестивалот, над тиркизниот залив, од „Денс Парадајс“ бината одекнуваа вонвременските хитови на регионалните рок легенди Бајага и Инструктори. Мултиталентираниот уметник Сатори приреди магија со својот единствен настап во живо, исткаен од емоции и етно-електронски звук, па изјави: „Во моментот кога ќе стигнеш тука, помислуваш – ДА, ОВА Е ЖИВОТ! Само на Балкан може да се види такво колективно танцување и уживање во музиката“. Планетарно популарното продуцентско трио „Медуза“, апсолутно воодушевени од локацијата на фестивалот, премиерно на јадранскиот брег таа вечер го претставија својот специфичен „Медуза звук“.

Втората фестивалска вечер, Масео Плекс целосно ја маѓепса публиката на „Си Денс“, подарувајќи ѝ неверојатен сет во кој премиерно ги заврте песните од новиот албум, додека врвот на настапот беше изведбата на неговиот ремикс на класикот „Insomnia“ на групата „Феитлес“. Регионалниот популарен трап тандем „Фокс и Сурреал“ одличното расположение го пренесоа на бината, додека цела Буљарица беше на нозе со маестралниот рапер Војко В. Една од најголемите диџејки од овие простори, Тијана Т со својот моќен техно сет ја заокружи програмата. Своите импресии од фестивалот ги сподели со овие зборови: „Еден од најмагичните моменти и најдобриот сет во мојот диџејски живот се случи токму на ’Си Денс’ фестивалот и драго ми е дека сум повторно тука, бидејќи моќната природа на прекрасниот црногорски брег се синхронизира со музиката и ја носи таа магија“.

Последната фестивалска вечер, мајсторите на мелодичниот техно звук, фантастичниот италијански тандем „Тејл ов ас“ ѝ приредија на публиката единствено музичко искуство, длабоко проткаено со емоции. По нив, долго очекуваниот великан на електронската сцена, Борис Брејча, втемелувачот на хај-тек минимал техното и еден од апсолутните миленици на клупската публика брилираше на главната фестивалска бина и на фановите им пружи неверојатна енергија за танц, на подиумот на самата плажа! Балканската трап кралица Сенида, повторно со своите песни го обедини регионот и ја покажа сета своја храброст и автентичност и изјави: „Како и предминатата година и оваа година ми ја зедовте душата, мојата душа останува со вас, јас се надевам дека ќе ме повикате повторно и следната година“. Една од ѕвездите на денешницата со најбрз подем, хитмејкерот Топик уште еднаш покажа зошто токму тој соработува со најголемите поп ѕвезди и прави хитови кои надминуваат половина милијарда прегледувања на видео и стриминг сервисите, додека честа да го затвори „Си Денс“ во раните утрински часови ѝ припадна на харизматичната Ан Клу.

Сподели