„Си-До“ годинава на Сан Ремо

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По 23 пат во Битола ќе се одржи детскиот музички фестивал „Си-До“. На годинашното издание ќе има 19 нови песни, со што ќе се збогати македонскиот фонд на детски песни.

На годинашното издание ќе има и гости учесници од странство.

Подготовките, како што вели директорот на фестивалот Дарко Шерденков привршуваат за на 25 април да се одржи овој фестивал.

Шерденков вели дека паралелно работат и на меѓународен план, со учество на бројни фестивали, а течат и подготовките за Италија, каде веднаш после фестивалот во Битола, заминуваат на Сан Ремо, каде ќе ја претставуваат нашата држава и нашиот град, со Марија Цветановска.

 

 

 

 

Share.