Си-Ен-Ен: Кинески ласери повредиле американски воени пилоти во Африка

0
318

Кинески персонал во Џибути користел ласери против американски летала од воена база на САД, што резултирало со повредени американски пилоти и формален дипломатски протест што САД го упатиле до Пекинг, јави Си-Ен-Ен.

САД издале соопштение за својот персонал во кое се вели дека треба да бидат внимателни кога летаат над одредени делови над Џибути  бидејќи „во мал број случаи американските летала биле погодени со ласери“.

– За време на еден инцидент се случиле две мали повреди на очи кај лица кои летале во Ц-130 што е резултат на изложување на воени ласери за кое се знае дека потекнуваат од блиска кинеска база, се вели во предупредувањето.

Медиумот се повикува и на изјава на официјален претставник од Министерството за одбрана кој рекол дека армијата на САД верува оти Кина користи слични ласери против американски авиони и во Јужното Кинеско Море.

МИА