Си Џинпинг доживотен претседател

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Кина денес е усвоен уставен амандман со кој се укинува ограничувањето на мандатот, со што на претседателот Си Џинпинг ќе му се овозможи да владее неограничено, јавија медиумите.

За оваа историска промена гласале 2958 делегати, двајца биле против, тројца воздржани, додека еден глас бил неважечки, пренесе АП.

Со промената на уставот на Кина на Националниот конгрес е отстранета последната пречка што го ограничува претседателскиот мандат на два последователни.

Предлогот наиде на критики меѓу либералните активисти кои промената ја гледаат како враќање на ерата на Мао Цетунг, чија политика на владеење на еден човек ја доведе Кина до глад, хаос и на крај до политичка стагнација.

Share.