Скандал со лажни хуманитарни визи ја тресе Белгија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Белгиската полиција истражува дали членови на поранешната владејачка партија, Нова фламанска алијанса нелегално продавале хуманитарни визи во Сирија и Ирак, јави МИА во Брисел.

Антимигрантската десничарска Н-ВА до пред еден месец беше дел од белгиската Федерална влада, но одлучи да ја напушти владината коалиција поради одлуката на премиерот Шарл Мишел да го потпише Договорот на ОН за миграција.

Обвинителството во Антверпен соопшти дека федералната полиција истражува дали имало трговија со луѓе, злосторничко здружување и пасивна корупција во случајот со општинскиот советник од Н-ВА, Меликан Куџам.

Share.