Скајвокер од ,,Војна на звездите,, ќе снима филм во Србија

Холивудскиот актер, Марк Хамил, познат по улогата на Лук Скајвокер од серијата „Војна на звездите“, ќе снима нови филм во Србија.

Се работи за филмот „Машина“, во режија на Питер Атенсио.

,,Ова е свет момент за мене. Не одам на рехабилитација, одам во Србија за да го направам мојот прв филм со Марк Хамил – изјавил стенд-ап комичарот Берт Крајшер, кој е филмски партнер на Хамил.

Прочитајте и: Зарина Првасевда за своите две љубови: музиката и планината


Неговата изјава е објавена на „Твитер“ пред да се качат во авионот.

Филмот ,,Машина,, е заснован на вистински настан од животот на Крајшер, кога тој и неговиот татко биле киднапирани од Руси кои ги измамил две децении порано додека студирал во Русија. Хамил во филмот ќе го игра таткото на Крајшер.

Сподели