Скијачкиот клуб Пелистер се збратими со скијачкиот клуб Алпетур од Словенија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес во 14:00 часот во просториите на Словенечката амбасада во Скопје, ќе се потпише меморандумот за соработка помеѓу СК Пелистер и СК Алвепур.

Скијачкиот клуб Пелистер добива партнер од Словенија, скијачкиот клуб Алвепур од кој ќе ја има целосната поддршка на неколку полиња, се со цел развој на клубот и враќање на СК Пелистер на врвот на македонското скијање.

Потпис на меморандумот ќе стави претседателот на КС Пелистер, Наум Симјановски.

Со меморандумот се предвидува размена на искуства во тренажен процес, приклучување на деца кон тренажниот процес на Алпетур, а секако и присуство на натпревари во младите категории и комплетна помош при престојот во Словенија.

Share.