Склучен договорот за реконструкција на улицата „Илинденска“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска објави дека е склучен догворот за реконструкција на улицата „Илинденска“ во Битола.

„Склучен договор за улица Илинденска во должина од 2131 m. Инвестиција од над 22 милиони денари. Завршени сите постапки“ вели Петровска.

Пред неколку дена таа соопшти дека ќе ги соопштува на ваков начин сите проеки за кои се склучени договори, а тоа ќе го прави се до денот на распишување на предвремените парламентарни избори, за да не биде општината потоа обвинувана дека во предизборие работи проекти.

Share.