Скоро две години нема решение за обиколницата над Битола

0
1213

Деновиве почна чистењето на ѓубрето кое беше расфрлано долж патот над Битола, односно обиколницата која речиси две години и официјално е затворена за сообракај. Иако така секојдневно известува Автомотосојузот на Македонија, дел од сообраќајот минува таму, а другиот пак низ градот.
Свлечиштата и одроните во минатото беа причина за небезбедноста на оваа делница, но и проблемот кој се создава кај ромската населба.
Патот не е во надлежност на општина Битола оти станува збор за магистрален, но Петровска реши да се справи со проблемот.

На својот фејзбук профил напиша дека комуналните јавни претпријатија од градот заедно со општина Битола почнаа со чистење на ѓубрето на обиколницата над Битола на регионалниот пат Прилеп-Битола-Ресен.

„ЖИВОТНА СРЕДИНА
Може да биде лошо може убаво. Сами го носиме по нас и околу нас. Акцијата за садење елки продолжува. Изгледа убаво. Се чисти и ѓубрето од магистралниот пат иако не е надлежност на јавните претпријатија. Ама никогаш, баш никогаш не може толку брзо да се зачисти колку што може да се извалка“, напиша Петровска на својот фејзбук профил.

Пред неколку дена градоначалничката Петровска рече дека активностите кај обиколницата над Битола се заглавени поради појавата на ново свлечиште, а неизвесно е кога ќе биде отворена за сообраќај. А појавата на ново свлечиште ja наметнала потребата од изработка на нова проектна документација.

Инаку обиколницата над Битола затворена е за сообраќај скоро две години , на што често реагираат граѓаните, како поради грдата слика над градот од расфрлано купишта на секаков вид на смет, како и поради транзитирањето на тешки товарни возила низ центарот на градот, кој што доведуваат и до дополнително загадување на воздухот.

А што вели минатото. Лани во март бевме таму.

Деновиве советничката од „Поинаку“ Габриела Илиевска објави видео на својот фејзбук профил за тоа каква е состојбата на овај патен правец.

И денеска на АМСМ пишува: На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.