Светската здравствена организација соопшти дека бројот на новопријавени случаи на коронавирус и смртни случаи на глобално ниво продолжи да паѓа во последната недела, продолжувајќи го падот што првпат започна во март.
Според агенцијата Асошиејтед Прес, во својот неделен извештај за пандемијата, здравствената оргенција на ООН соопшти дека имало околу 3,8 милиони нови инфекции и повеќе од 15,000 смртни случаи минатата недела, што е пад од 17% и 3%, соодветно.
Но, се верува дека тие бројки се значително потценување на вистинскиот биланс на Ковид-19 бидејќи зголемениот број земји ги напуштаат широко распространетите тестирања и надзор. Сепак, СЗО забележа дека случаите се зголемиле за околу една третина во Африка и 13% во Америка.
Скоро 15 милиони луѓе умреле од инфекција со коронавирус или од нејзиното влијание врз пренатрупаните здравствени системи во последните две години, соопшти Светската здравствена организација.












