Скоро 3 милиони евра потрошени за патни трошоци за пратениците

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година што денеска Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го презентираше покажува дека вкупниот трошок во овие пет години е 2 895 605 евра.

Членот на ДКСК, Катица Николовска, образложувајќи ја анализата рече дека се гледа тенденција оти има намалување на трошоците за превоз, со тоа што во 2015 година исплатените надоместоци на пратениците во Собранието за користење на автомобил се 770 883 евра, во 2016 – 698 797 евра, 2017 – 512 000, 2018 – 522 930 евра и 2019 година – 390 993 евра.

Антикорупциска констатира и дека во анализираниот период, 23 пратеници имаат сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје, а и покрај тоа тие пратеници примале надоместоци за користење автомобил за доаѓање и враќање на работа, односно за патување до Скопје и назад.

Share.