Скринингот на учениците за Ковид 19 ќе започне следната недела

Скринингот на учениците за присуство на вирусот на Ковид-19 ќе започне следната седмица, со задоцнување од една недела поради подолгото траење на анализата за опфатот на учениците во основните и средните училиштата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Моделот за скринингот е готов. Задоцнивме една недела, требаше да започне оваа недела, но нешто подолго потраја анализата на учениците по училишта, во основни и во средни. Со оглед дека сега е подготвена методологијата, од утре ќе започнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа и почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди за да во текот на следната недела и практично се спроведе скринингот, рече Филипче на новинарско прашање до каде е постапката со скринингот по обраќањето на настан за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива во лекување и спасување човечки животи.

Сподели