Скромна посетеност на „Манаки“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во тек е 40 издание на ИФФК „Браќа Манаки“, започна во саботата со свечено отворање како и секоја година имаше црвен тепих, а таму продефилираа личности од културата, филмската уметност, музичари, политичари и оние кои сакаат да го прошетаат тепихот за да се фотографираат на него, но и оние кои одеа од другите патеки и едноставно сакаа да гледаат филм. Вака беше на самото свечено отворање некаде околу 20 часот.

А како е во другите денови. Синоќа навечер некаде околу 20 часот бевме таму, а за 20 часот беше закажана кинопроекцијата на филмот Свиркачите, ова беше атмосферата пред почетокот на овој филм.

СВИРКАЧИТЕ /LA GOMERA/THE WHISTLERS е романски полициско-гангстерски трилер на сценаристот и режисер Корнелиу Порумбоју/Corneliu Porumboiu, чии заплети од подземјето и бизарноста на свиркачкиот ритуал кинематограферот Тудор Мирчеа/Tudor Mircea ги преточува во визуелна загатка со импресивно аудиовизуелно финале. Кристи, романски полицаец кој е свиркач за мафијата, оди на островот Ла Гомера на Канарските Острови, за да го научи стариот свиркачки јазик. Во Романија е под полициски надзор, а со користење на тајниот јазик ќе продолжи да комуницира со мафијашите за да го извади Жолт од затворот. Жолт е единствениот кој знае каде се скриени 30 милиони евра…

Влеговме и во салата, а таму беше жирито на официјалната програма, дел од екипата на фестивалот, волонтери и публика за овој филм. Влезницата за кино проекциите е 50 денари.

Секоја година се поставува истото прашање, дали битолчани гледаат филмови на Манаки, затоа направивме и анкета на битолски Широк сокак.

Зошто има малку публика засега нема одговор, не само годинава, туку и годините наназад. Една од претпоставките е дека во лето не се оди на кино, друга дека битолчани не сакаат да ги полнат салите, заради тоа што свеченото отворање е резервирано главно за познати фаци и луге од Скопје, а третата дека недостасува поголема промоција на филмовите и самиот фестивал.

„Браќа Манаки“ продолжува до сабота, кога ќе ги прогласат добитниците на трите награди златна, сребрена и бронзена Камера 300, а потоа и Манаки приказна во слики.

Share.