Слабо пиперки ајварки на битолскиот пазар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Септември е месец на подготовка на зимница. Денес пазарен ден во Битола. Тезгите преполни со секаков вид на овошје и зеленчук, но слабо имаше тезги со пиперка ајварка. Според продавчите родот бил помал заради невремето кое што зафати дел од пелагонискиот регион. Цената на пиперката ајварка е од 25 до 30 денари. Некои од продавачите велат дека била иста како минатата година, а некои пак велат дека цената била нешто повисока од лани.

Обично зимниците се колективен ритуал на чие спремање учествуваат сите членови на семејството.Повеќето домаќинки се одлучуваат на макотрпна работа зошто како што велат, домашната зимница била повкусна од купената. Некои пак нема воопшто да прват, им бил скап пазарот а и немало кој да го конзумира ајварот. За некои цената била иста како лани а за некои била повисока.

Доматите денес се продаваа по цена од 50 до 70 денари за килограм, зеленета салатка од 25 до 30 денари за парче, 50 денари за килограм чинеа пиперките бабурки, морковите се продаваа 60 денари за килограм, цвеклото и краставиците 40 денари, 20 денари чинеше килограм зелка, а црниот домат 15 денари парче.Со сигурност може да се каже дека септември е најскапиот месец во година. Децата тргнуваат на училиште, еден куп пари за спремање, сите домаќинства се спремаат за претстојната грејна сезона, па оние кои решиле да се греат  на дрва мора да ги набават истите.Но Факт е дека традицијата си е традиција. Се имало или се немало пари повеќето од домаќинките ќе се снајдат за да направат некоја тегла од надалеку познатиот специјалитет ајварот.

Share.