Слаб земјотрес кај Охрид

0
925

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 7.1.2018 година во 12 часот и 40 минути регистрирше земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот беше на само неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3 а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.