Славевски: Македонија ја заврши 2017 година без економски раст

0
163

„Лошите економски политики на Владата предводена од СДСМ се одразија врз стопанството и неговиот раст. Годишната стапка на раст во 2017 година во Република Македонија изнесува 0“, вели Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во периодот кога вообичаено се очекува забрзување на растот на економијата по природен пат, а тоа е последниот квартал во годината, ова важи за сите земји развиени и неразвиени, кога расте потрошувачката на населението. Република Македонија бележи минимален раст на бруто домашниот производ од само 1,2% и тоа претставува трет најнизок раст во Југоисточна Европа.

Во услови кога цела Европа забележува високи стапки на раст, македонската економија стагнира и убедливо е на дното“, смета Славевски.