„Слаткаристика“ на Преспаленд во Ресен

На ден Илинден во амфитеатарот во Ресен акустичен концерт одржа Слаткаристика. Со хитовите Мани, Дијаманти, Марадона популарниот македонски хип-хоп музичар Марко Маринковиќ-Слаткар, ја стана публиката на нозе. Имаа можност да ги слушнат сите песни со милионски прегледи во акустична варијанта.

Слаткар започнал со своите музички творби кога имал 12 години.Во мај 2009 година го издаде својот прв соло албум под наслов “Слаткаристика Будало”, кој постигна значителни успеси со песните “Шопинг”, “ФМ”, “Да полетам” и “Топ”, најава на револуцијата на хип-хоп во Македонија.Во 2016 излезе една од неговите најслушани песни “Тик Так” .Исто така излезе и песната Кажи Да која исто така стана хит. Во 2017 излезе песната која беше слушана низ цела Македонија и која сега има над 16 милиони прегледи- Терориста. Веднаш по Терориста ја извади песната Мани. Исто така тој го создаде првиот македонско-грчки музички проект наречен “Марија“. Неговите песни имаат милионски прегледи.

Го прашавме за неговите идни планови, а публиката е таа вели која што може да те отцени.На 6 ти август во Битола на Ракометно ќе одржи концерт. Картите се веќе во продажба, а на битолчани им вети луда журка и забава.
Концертот се одржа во рамки на годинашното издание на мултимедијалниот фестивал „Преспаленд“ .

Сподели