Слем поезијата кај нас

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска во Н.У. Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ беше промовирана книгата креирај слемирај, која се темели на нов правец на поезијата наречен „Слем поезија“. Слем поезијата е уметнички перформанс кој вклучува повеќе сегменти на уметностите како театар, музика а исто така е и во тесна врска со Хип – Хоп културата, се изведува со микрофон и со сценски движења. Директорот на Н.У. Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Бојан Стефановски истакна дека како прв човек на оваа установа ќе даде поддржшка на младите кои се занимаваат со креативни уметности.
Најави и дека во соработка со актерите од народниот театар од Битола ќе се синхронизираат приказните за најмладата публика


На овој настан учество зеде и младата Андреа Наковска која беше победник на натпреварот за слем поезија.

Овој настан кој се организираше во нашиот град беше со цел промоција кај младата читателска публика која би се заинтересирала за инволвирање во истата.
Овој настан како новитет во нашиот град беше поддржан и од општина Битола а во рамки на Бит – фест.

Share.