ТЕРА

REKLAMA???

СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР -БИСЕР НА ПРЕСПА

Денеска се празнува Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Заради преголемата почит кон Мајката Божја насекаде низ христијанските земји посветени се многу цркви и манастири. Така е и кај нас, а меѓу е и прекрасниот Сливнички манастир посветен „Рождество на пресвета Богородица“ — средновековен манастир во долнопреспанското село Сливница.
Манастирот се наоѓа на 3 километри од селото Сливница во густата листопадна шума на еден стрмен и длабоко засечен дол на западната падина на планината Баба, високо над источниот брег од Преспанското Езеро.

Подигнат е во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од 1612 и главно во 1645 година. Од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст.
Пред 100 години околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар.
Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа. Конаците се изградени при крајот на XVII век и на двапати биле опожарени.
Според сведочењата на десетици луѓе, Богородица неколкупати се појавила околу манастирскиот комплекс. Првите сведочења се појавуваат од времето на Првата светска војна, додека последното е забележано во 2006 година.