Словачкиот министер за внатрешни работи даде оставка поради убиството на новинарот Кучиак

0
134

Словачкиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи Роберт Калинак денес ја поднесе својата оставка, по тензиите предизвикани од убиството на истражувачкиот новинар кој ги испитувал врските меѓу владата и мафијата, пренесе АФП.

„За да го исполнам мојот мандат, морам да направам сѐ за да ја зачувам стабилноста во Словачка“, изјави Калинак за новинарите. „Од оваа причина решив да поднесам оставка како заменик-премиер и министер за внатрешни работи“.

Убиството на Јан Куцијак и неговата свршеница минатиот месец предизвика огромни протести против владата на премиерот Роберт Фицо, при што десетици илјади Словаци излегоа на протести во петокот во Братислава.

По протестите, партијата Смер-СД на Фицо, на која и припаѓа и Калинкак, беше под оган од малиот коалициски партнер Мост-Хид, кој се закани дека ќе се повлече ако министерот остане.

Телата на Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова, двајцата 27, кои требаше да стапат во брак во мај, на 25 февруари биле пронајдени убиени во нивниот дом во близина на Братислава.