Словачкиот премиер поднесе оставка по убиството на новинарот

0
144

Словачкиот премиер Роберт Фико поднесе оставка под притисок на јавноста, три недели по убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница. Фико беше на функцијата од 2012 година.

Тамошните медиуми, истовремено, објавија дека мандатот за составување нова влада го доби 42-годишниот Петер Пелегрини.

Сѐ уште неразјаснетото убиство на Куцијак, што се доведе во врска и со италијанска мафија, предизвика голема политичка криза во државата и пред Фико, оставки поднесоа и министрите за култура и за внатрешни работи. Во петокот, над 50.000 луѓе излегоа на улиците на Братислава и на други словачки градови, барајќи од Фико да го смени министерот за внатрешни работи и свој најблизок соработник, Роберт Калинак.