Словенија и официјално без влада

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Словенија од вчера официјално е без Влада откако Парламентот ја прифати оставката на сега екс премиерот Миро Церар што ја поднесе неочекувано минатата недела.

Со тоа мандатот на владата што тој ја предводеше е завршен.

Церар поднесе оставка откако Врховниот суд го поништи референдумот за прокетот за изградба на пруга, што Владата го поддржа.

Церар изјави дека ваквата одлука не е во интерес на напредокот на Словенија.

Редовните парламентарни избори треба да се одржат во јуни, но сега се очекува тие да бидат неколку недели порано.

https://novatv.mk

Share.