Случајно оштетиле дело вредно 500.000 долари – а интересот за изложбата уште и се зголемил

Јужнокорејски пар е обвинет за оштетување на дело кое припаѓа на уличната уметност. Во своја одбрана тие рекле дека погрешно сметале дека им е дозволено да интервенираат како дел од „партиципативната уметност“.

Сликата долга 700 сантиметри и висока 240 сантиметри, се проценува на 500.000 американски долари, а уметникот Jon One ја насликал пред публика во 2016 година во Сеул.

Прочитајте и: Светот се менува – дигиталните номади ќе можат да живеат и работат од станови на брод

Кога била пренесена во галеријата Лоте Ворлд, со неа биле изложени и две конзерви со боја и четки кои исто така се сметаат за дел од инсталацијата.

Домаќините на изложбата објавија дека во неделата фатиле еден млад човек и една млада жена на надзорните камери како користат боја и додаваат свој печат на сликата, пренесува Ројтерс.

Двојката е уапсена, но подоцна тие биле ослободени затоа што галеријата одлучила да не ги тужи, верувајќи дека се работи за ненамерна грешка, пренесува Хина.

„Тие сметале дека им е дозволено да го сторат тоа, дека работата е отворена за учество и не беа во право”, рече организаторот на изложбата.

По инцидентот, галеријата ја загради сликата со жица и постави знаци со натпис „не допирај“.

Дел од посетителите на изложбата во петокот направија фотографии од оштетеното дело, а Канг рече дека интересот за изложбата се зголемил по инцидентот.

Сподели