Смртни закани за Кариус

0
733

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус направи катастрофални грешки во финалето од Лигата на шампиони против мадридски Реал, во саботата. Полицијата во Англија ги истражува смртните закани упатени на адреса на голманот, пренесуваат англиските медиуми.

Навивачите на Ливерпул се бесни на својот голман, а социјалните мрежи „вријат“.

-„Ќе ја убијам твојата девојка“, „Се надевам дека целото твое семејство ќе умре“, „Твоите синови заслужија да умрат од рак“ – се само дел од коментарите на сметка на Кариус.

Полицијата во Англија информира дека ова е многу сериозна ситуација и ќе се преземат неопходните чекори.

Германскиот голман речиси му „подари“ два гола на Реал Мадрид во саботното финале на ЛШ и беше најголемиот виновник за поразот на „црвените“ од Ливерпул.