Снегови на Балканот

0
597

Силен ветар и интензивни снегови ја зафатија Хрватска, сообраќајот е во прекин на повеќе патни правци, а во училиштата нема настава. Во помагањето е вклучена и хрватската војска.

Поради ниските температури се препорачува внимателно возење по мостовите и надвожниците, а задолжително е и користење на зимска опрема.

Слична е ситуацијата и во Босна и Херцеговина, каде дува силен ветар а патиштата се замрзнати и покриени со снег. На возачите им се советува или да го одложат патувањето или пак да носат зимска опрема. Заради невремето неколку возила се превртеа на патиштата но за среќа нема човечки жртви. Лошото време ги погоди и Црна Гора и соседна Србија.