Снегот добредојден за акумулацијата „Стрежево“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ако снежните врнежи кои што деновиве ја зафатија Битола и го отежнаа движење на пешаците и возилата низ градот, за акумулацијата „Стрежево“ се добредојдени. Максимумот на акумулацијата „Стрежево“ е 120 милиони метри кубни вода, во моментот нивото на акумулацијата изнесува 70 милиони метри кубни, а кога ќе го достигне нивото од 95 милиони метри кубни вода, тогаш плански ќе се испушта водата за да се заштити Пелагонија од поплави, вели првиот човек на ЈП „Стрежево“. Додава дека во текот на целата година ќе има редовна испорака на вода до сите корисниците.

-Во овај момент акумулацијата „Стрежево“ има 70 милиони метри кубни вода, што значи снегот е добредојден. Сливното подрачје на реката Шемница и нашиот собирен канал внесуваат вода и ја полнат акумулацијата. Со топењето на снегот и со дождовите во пролетниот период очекуваме да се наполни акумулацијата од 120 милиони метри кубни вода, а да ги задоволиме потребите на сите водокорисници. Оваа година Пелагонија и сите земјоделски производители на секакви култури, потоа нашите корисници што користат вода за индустријата, вода за пиење, градот Битола и РЕК, мислам дека нема да има проблеми и цела 2019 година. Ќе имаме редовна испорака на вода од акумулацијата „Стрежево“. Снегот ќе ја наполни акумулацијата со максимална кота и за наредниот период очекуваме да почниме со планско испуштање на вода за правење на електрична енергија, односно вклучување на хидроцентралите, рече Менде Граматковски, директор на ЈП Стрежево.


Снегот е добредојден и за љубителите на планината и скијањето. Одкако почна со работа ски центарот „Нижеполе“ туристи има од цела Македонија.

-Снегот е добредојден за ски стазата „Нижеполе“. Во овај момент двата ски лифта работат, и долниот и горниот ски лифт. На долниот ски лифт имаме претежно посетители од помладата возраст понеискусните, а на горниот ски лифт поискусните скиори. Стазата е во добра кондиција  и задоволството на скијорите е големо. Покрај битолчани, имаме посетители од повеќе градови на Македонија, како од Охрид, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, а доаѓаат и граѓани од Скопје, вели Граматковски.

Ски петеката  во „Нижеполе“ се наоѓа на надморска височина од 1585 метри. Скијачкиот центар „Нижеполе“ освен со два ски лифтови, располага со детски парк, чајџилница, клупи и други зимски рекреативни реквизити.Еднодневната карта чини 300 денари за возрасни и 200 денари за деца, а за ноќното скијање е 200 денари.Сезонскиот билет е 3000 денари. Патот е чист и прооден до ски центарот.

Share.