Снегот оштети преку 300 дрвја и садници во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Преку 300 садници и дрвја низ градот се оштетени од снегот кој во неделата паѓаше во Битола. Од јавното претпријатие Комуналец велат дека постојано се на терен и преземаат активности за расчистување на паднати дрвја и гранки.


Голема штета е предзивикана велат од Комуналец, а во акцијата за отстранување проблеми им прават и каблите, но велат дека крајот на оваа недела состојбата ќе ја санираат во градот.


Дел од искршените гранки завршија и врз автомобили, други пак беа опасност за минувачите по тротоарите.

Од Комуналец велат дека парарално со остранувањето на искршените гранки, ги острануават и потенцијалните делови од дрвјата кои можат да бидат предмет на уривање.

Share.