Жолт аларм во делови од Франција, а црвен за трегога во Белгија.

Снегот и мразот предизвикуваат проблеми во железничките и воздушниот транспорт, а медиумите јавуваат и за бројни сообраќајни незгоди.

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и километарски колони со возила.












