Снег, најнова песна на Стефанија и Владимир

Најновата песна на Стефанија и Владимир е со наслов„Снег“ и отсликува празнични џез вибрации.

Песната е снимена во живо во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, 1 mic 1take ( Импровизација на само едно снимање, што ја прави уште поискрена и поедноставна да допира до душата и да разнежнува.) Текстот е на   Стефанија, музика – Владимир, аранжманот на двајцата. 

„Оваа песна беше создадена исто преку импровизација пред две години, кога се запознавме со Владимир и решивме начинот на создавање да го повториме во студио. Тој создаде џез звуци на неговата гитара, а јас чувството го преточив во текст и мелодија. Снег – е празничен џез, кој говори за  тоа како спојот на две души можат да ги растопат сите ледови во вистинска и метафоричка форма. Доколку ги поставиш најблиските на пиедестал колку и да е студено, тебе ќе ти е топло во душата. Да заборавиме на минатото и да продолжиме напред со позитивна мисла. За време на студената зима, топлина ни се најблиските.“, ни изјави Стефанија.

Сподели