Снежната покривка во Битола 5 см

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмногу снег до 7 часот има наврнато 26 см на П.Шапка, 16 Пожаране, 10 Кр.Паланка, Тетово, Маврово, 8 Берово, 5 Битола, 4 Лазарополе, 3 Дебар, Тополчани, 2 Скопје, Крушево, Претор, 1 Д.Капија, Виница.

Утрово најстудено со -7 степени беше во Маврово, -6 Крушево, -5 Лазарополе, -3 Берово, Кр.Паланка, -1 Скопје-З.Рид, Тетово, Претор, Битола, Прилеп, Виница, 0 Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Д.Капија, Струмица, 2 Гевгелија, Дојран.

Времето денеска облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Share.