Снежна бура во Америка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во централните и североисточните делови на САД владеат екстремно ниски температури и снежна бура, а поради тоа целокупниот сообраќај се одвива доста отежнато.

Според податоците на компанијата Флајт Авеар, која ги евидентира авиолиниите, на аеродромите во САД се откажани околу 5.000 летови. Не работат и дел од железничките линии меѓу Чикаго, Нујорк, Бостон и Вашингтон.

Според медиумите, последиците од снегот можат да засегнат повеќе од 100 милиони луѓе во многу држави од Мисури до Мејн. Во градовите Чикаго, Детроит и Кливленд има снежни виулици, а на југ, во Мемфис и Џексон има силни грмотевици.

Share.