Снежна бура во Москва

0
144

Во снежното невреме кое што ја зафати Москва загина едно лице, а двајца се повредени, соопшти градоначалникот Сергеј Собјанин.

Во Москва падна 43 сантиметри снег

Тој истакна дека еден човек загинал од паднато дрво, а други двајца се повредени.

Од невремето биле соборени најмалку 360 дрва, а Собјанин додаде дека денеска ситуација се очекува да биде посериозна.

Речиси 60 летови на московскиот аеродром се блокирани поради невремето.