Снежна бура го парализираше Париз

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Колони возила долги и над 700 километри во Париз, стотици заробени камиони, затворена Ајфеловата кула – снег го погоди главниот град во вторникот вечер и северниот дел од Франција.

Снегот „значителен и издржлив“ го отежна возењето на запад и на североисток, преку регионот на Париз, соопшти Метеоролошката служба.

Во Париз и околината, 739 километри заглавени возила, вели авто-мото служвата „Ситаден“.

Автобусите кои го опслужуваат главниот град и предградијата претходно се вратени во депоата.

Училишен превоз ќе нема во среда во повеќе делови во Франција, посебно во регионот на Париз.

Share.