Снежно невреме во САД

0
254

Околу 75.000 лица останаа без струја во Њу Џерси, откако оваа американска сојузна држава ја погоди четврто снежно невреме во последниве три недели.

Обилните врнежи од снег формираа снежна покривка со дебелина до 30 сантиметри, пред се во централните делови на државата. Поради снегот денеска не работат сите државни установи.

Снежни врнежи ги зафатија и останатите држави од северниот дел на американското атлантстко крајбрежје. Така, снежна покривка од околу 18 сентиметри е формирана во Филаделфија и во Њујорк, а од околу 20 сентиметри во Бостон.