Соба 610, најновата книга на младиот Јован Илиески

“Секоја моја книга има различна приказна и како сум ги пишувал и од што сум се инспирирал за секоја од нив, е целосно различна динамика.Она за кое не се зборува, јас сакам да го напишам. Психички и лични растројства кои што тука се` уште се табу, јас сакам да ги раскажам. Кога почнав да читам многу книги, сфатив дека има многу приказни кои што не можам да ги најдам да ги прочитам, па така, јас решив да ги напишам“, вака го започна разговорот со нас младиот автор Јован Илиески, кој неодамна ја промовираше својата 5та книга по ред. Истата е со наслов Соба 610, во издание на Култура и го поставува прашањето: Колку може еден човечки ум да биде непредвидлив?  За еден човек десет лица, безброј стравови, зошто бегаме од нив, а тврдиме дека знаеме се. На крајот, колку ќе го чини злосторникот, ако биде жртва на сопствениот хаос?

Јован е психолог и иден гешталт психотерапевт.

„Она што психологијата ме учи освен поздравото живеење, е и формирањето на психолошки профили на моите ликови кои што ги создавам“, вели Јован.

Претходни негови книги се “Душа на парче хартија”, “Кругот на животот”, “Сенки на полноќ” и “Ноќта кога ја напуштив Прага”. Книгите се интересни, мистериозни, го задржуваат  вниманието се до последната страница.

 

Неда Маретиќ

Сподели