Собир за подршка на Путин пред црквата Св.Сава

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

“Ви благодариме за вашето пријателство”, се единствените зборови кои рускиот претседател Владимир Путин ги упати пред црквата на Свети Сава на српски јазик.

Според полицијата, на платото пред храмот Свети Сава се собраа повеќе од 100.000 граѓани за поддршка на рускиот претседател. Тие се собраа на покана на Српската напредна партија, партијата на претседателот, Александар Вучиќ.

Претходно, на прес-конференција во Палатата на Србија, Путин прашан од новинар што ќе им каже на граѓаните кои се собраа во предниот дел на храмот, рече дека тој собир за него е изненадувачки и неочекуван.

“Моите посети не предвидуваат учество на митинзи”, рече претседателот на Русија.

“Но, може да кажам дека многу топло се однесуваме кон овие гестови на пријателство. Односите меѓу Русија и Србија не се од вчера и денес, тие се создадени во текот на вековите, имаат силни и длабоки корени и ние сме поврзани со духовна интимност “, заклучи Путин.

Share.