Собир на екстремните десничари во бугарската престолнина

0
177

Бугарски ултрадесничари синоќа во центарот на Софија организираа прошетка во чест на генералот Христо Луков, кој во триесетите години од минатиот век раководеше со пронацистичка организација во Бугарија.

Учесниците маршираа со факели во рацете, а прошетаа до поранешната куќа на Луков, каде што положија венци.

Според градоначалничката на Софија, Јордана Фандукова ваков собир не му доликува на градот, а протестот беше осуден и од амбасадата на САД во Бугарија, која соопшти дека е загрижена поради нетолерантноста манифестирана на маршот.