Собранието ги изгласа новите министри

0
449

Собранието ги изгласа новите четворица министри во Владата.

Рената Треневска Дескоска е нова министерка за правда и за нејзиниот избор гласаа 67 пратеници, а против беа 23.

Новиот министер за образование и наука е Арбр Адеми чиј избор го поддржаа 67 паретници, а 25 беа против. За новиот министер за култура Асаф Адеми гласаа 66 пратеници, а против беа 23 и за новиот министер без ресор Бардул Даути 65 пратеници гласаа „за”, 26 беа против и еден воздржан.

Веднаш по гласањето новите министри дадоа свечени изјави.

mkd.mk