Собранието денеска ја почна 139-та седница на која беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Пендаровски денес ќе му го врачи мандатот на Џафери кој ќе биде мандатар на техничката влада.
„Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 26 јануари 2024 година, петок, во 15:00 часот, ќе му го врачи мандатот на Талат Џафери, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.
В недела ќе биде изборот на техничката влада.












