ТЕРА

REKLAMA???

СОБРАНИЕТО ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА ГЛАСА ЗА ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ

Пратениците на денешната собраниска седница треба да ги изгласаат замениците министрите во Владата за комплетирање на владиниот тим.

Претседателот на Владата предлогот за заменик-министри го достави до Собрание минатата недела.

За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили, во МВР, Астрит Исеини. За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан, а за заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа.

Зоран Димитровски ќе биде заменик министер во Министерството за надворешни работи и трговија, а за заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски, а за во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески.

За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети, а во здравство Јовица Андовски.

За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу, во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими, за заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, а заменик министер за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски.

За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски, за во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири.

За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање е предложена Ане Лашкоска, додека за заменик министер во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини.