Собранието денеска ќе ја гласа реконструкцијата на владата на Заев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Собранието денеска собраниска седница на која ќе биде разгледана и изгласана реконструкцијата на владата, една година откако овој пратенички состав го изгласа првичниот состав владата на премиерот Зоран Заев.

Прва точка на дневен ред ќе биде изборот на нови членови на Владата, што мора да заврши до полноќ, а како втора точка е изборот на заменици министри. Освен овие две точки, пред пратениците на оваа 49 седница ќе биде и огласувањето за избор на претседател, потреседател и членови на Државната изборна комисија.

Нови министри се Асаф Адеми од Беса за култура кој доаѓа на местото на Роберт Алаѓозовски, Бардуљ Даути од ДПА министер без ресор кој доаѓа на местото на Рамиз Мерки, Рената Дескоска за правда која ќе го замени Билен Салији, а неа во министерството за образование ќе ја замени досегашниот заменик Арбр Адеми.

За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена соопшти дека ќе присуствува на оваа седница, но од таму потенцираа дека се работи за јалова реконструкција и за влада која што нема резултати и идеи.

Share.