Собранието не изгласа недоверба на Владата

0
249

Барањето за гласање на доверба на Владата на премиерот Зоран Заев не помина во Собранието. Половина час пред истекот на рокот, спикерот Талат Џафери ги повика пратениците да гласаат за предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од 107 присутни пратеници само 40 гласаа “за”, двајца беа “воздржани” а 62 пратеници гласаа “против”.

Десетчасовната расправа почна со образложувањето на барањето од страна на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во своето излагање, тој потенцираше дека има назадување во секое поле, дека политичкиот систем е деградиран и кршењето на Уставот е секојдневие и го обвини премиерот Заев дека ја води најкриминалната Влада во историјата на независна Македонија.

По него, од собраниската говорница се обрати координаторот на пратнечиката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој рече дека интерпелацијата е големо разочарување и преставува очаен обид да се најде оправдување ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието.