Советот за безбедност на ОН воведе дополнителни санкции против Северна Кореја

0
157

Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно усвои наметнување на нови санкции за Северна Кореја во врска со нуклеарните и ракетни тестирања на изолираната комунистичка држава.

Испораките на нафтени производи како бензин, дизел и некои видови мазут за режимот во Пјонгјанг се дополнително ограничени.

Резолуцијата исто така вклучува забрана за извоз на храна и земјоделски производи, машини, електрична опрема, дрво и бродови, а исто така и продажба на машини, железо и други метали.