Советот за безбедност на ОН денеска за Косово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Советот за безбeдност на Обединетите нации денеска во Њујорк ќе ја разгледува ситуацијата на Косово, по барање од Белград поради одлуката на Приштина за трансформирањето на Безбедносните сили во Оружени сили на Косово.

На седницата учество најавија претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи. Официјален Белград оценува дека со одлуката за трансформација на косовските безбедносни сили грубо се крши Резолуцијата 1244 која предвидува меѓународно безбедносно присуство, а не воспоставување оружени сили.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека денес во Њујорк, на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово ќе се бори за Србија со цело срце.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи ќе учествува во утрешната седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, каде што на барање на Србија и Русија ќе биде разгледано прашањето за трансформација на Безбедносните сили во Вооружени сили на Косово.

„Ако Србија е вознемирена од создавањето на нашата војска, косовските Срби се чувствуваат сигурни“, рече Тачи.

Share.