Советот за безбедност на ОН ја отфрли руската резолуција за прекин на нападите во Сирија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Руската нацрт-резолуција што повикува да запрат нападите врз Сирија беше одбиена од Советот за безбедност на ОН поради недостиг од поддршка за време на гласањето. За неа гласаа само Русија, Кина и Боливија.

Русија свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија во саботата во Сирија, нарекувајќи го нападот „бесрамно непочитување на меѓународното право“.

Рускиот предлог беше поддржан од три нации: самата Русија, од Боливија и од Кина. Осум земји, меѓу кои и САД, Велика Британија и Франција, кои ги спроведоа ракетните напади врз Сирија, гласаа „не“, а Етиопија, Казахстан, Перу и Екваторијална Гвинеја беа воздржани.

mkd.mk

Share.