Советот за улиците и инфраструктурата, платите, вработувањата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пред советниците денеска се најде и измената на програмата за уредување на градежно земјиште со што се внесуваат две нови улици кои треба да се започнат до крајот на оваа година. Тоа е улицата „Бранко Радичевиќ“ и „Крушевска Република“.

Денеска пред советниците и годишните планови за вработување на јавните претпријатија за 2020 година, односно како тие ги испланирале вработувањата во наредниот перидод, во зависноист од пензионирањата и потребите на претпријатијата.

На седницата и точката за легализации кои што се надвор од генералниот управистички план, а што се надлежност на Советот. Станува збор за околу 40-тина објекти во околните села.

„Со усогласувањата кои што ги направи Владата и јавните претпријатија да вршат зголемување на платите, ЈП „Водовод“ и ЈП „Нискоградба“, за околу пет проценти, она што беше како владина одлука ќе ги покачат платите на своите вработени“ рече за Тера Телевизија претседателот на Советот Валентин Груевски.

На овие теми реплика на опозицијата.  Според советникот Иванчо Тошевски ова со улиците и промената на планот, бил уште еден очајните обиди за спас на градежната сезона, втора година по ред на власт и втора промашена градежна сезона.

„ За нас е неразбирливо, бидејќи ја започнаа програмата за уредување на градежното земјиште за оваа година со 243 милиони денари кои беа предвидени, сега ја зголемуваат на 276 милиони денари, а досега во делот за инфраструктурата реализирани се едвај 24 милиони денари“ вели Тошевски.

Во делот на покачувањата на платите, Тошевски вели дека тоа воопштио не е соодветно на покачувањата на трошоците за живот,

„За да не биде оптоварена јавната администрација, да не се оптоварат јавните претпријатија со новите вработувања, а всушност гледаме дека проектот Мира дизел за вработувања на најблиски роднини, пријатели и партиски послушници е активиран на максимум“ вели тој.

Share.