Советот на Општина Прилеп ја одржа својата 34-та седница. На оваа седница беше донесен ребалансот на буџетот за 2023 година. Неопходноста беше заради вклопување на блок дотациите за плати и надоместоци во основното и средното образование, библиотекарството, детските градинки, во старскиот дом и во противпожарната служба за зголемување на месечните примиња на вработениоте во овие институции, рече претседателот на Советот на Општина прилеп, Дејан Проданоски.
На седницата на Советот на Општина Прилеп се најдоа и развојните програми, а тоа значи дека се продолжува со рехабилитација и реконструкција на повеќе од 80 илјади метри квадратни патна инфраструктура во градот и изградбата на модуларната катна гаража.
Имаат уште четири нови развојни програми што според Проданоски значат подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, а тоа се два кружни тека, дооформување на 1500 метри улици кои што се проектирани во индистриската зона Прилеп 1 и уште една улица кај новоформираната индустриска зона, што ќе значат дополнителна стопанска активност во Прилеп.
На седниата се најдоа и финансиските извештаи на јавните преторијатија Комуналец, Водовод и канализација и Просторни и урбанистички планови и Старскиот дом, кварталните извештаи за третиот квартал.