Советот расправаше за безбедноста во сообраќајот

0
582

Безбедноста во сообраќајот во Битола денеска се најде пред советницуте. Опозицијата обвинуваше дека многу жртви имало и ја обвини актуелната власт за непреземањето мерки.

-Во второто полугодие од 2017 година на територија на општина Битола се случиле вкупно 182 сообраќајни незгоди, од кои во населено место се случиле 139. Она што е постаршно е бројот на настрадани лица во овие сообраќајни незгоди. Со тешки телесни повреди се здобиле 37 лица, а животот го загубиле 9 лица. Споредено со истиот период од 2016 година зборуваме за пораст на настраданите од 80%, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Власта возвратија и потсетија на минатото и колј колку време раководел.

-Еден колега излезе и дискутираше и кажа дека за безбедносната ситуација и моментална состојба на извештајот кој го поднесува СВР Битола и е надлежна општина Битола и градоначалничката. Јас со тоа не се сложувам, и мислам дека треба да го побарате проблемот во вас  и во претходните гарнитури кои што 12 години ја водеа општина Битола, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

Илиевска зборуваше за обиколницата над битола и надлежностите.

-Доколку немала надлежност општина Битола тогаш зошто некој пушти камиони од ЈП. Комуналец да чистат?Ако не е во надлежност на општината тогаш зошто некој пред три месеци даде изјава дека таму ќе постави семафор? Една работа можам само да ви кажам дека на Комисијата за безбедност кога беа присутни претставниците ни кажаа дека нема знак на Дулие со кој што се збаранува влез за тешки товарни возила во градот. Прашувам денес дали некој знае дека фали сообраќаен знак на Дулие?

Мнозинството реќе дека вината не може да се бара кај актуелната аградоначалничка.

-Што се однесува до семафорот, да не ги вртиме работите, градоначалничката не рече дека ќе постави семафор, туку дека ќе се залага за што поскоро таму да се постави семафор, рече Славе Најдовски, советник од СДСМ

Опозицијата продолжи за тоа какви политики води оваа власт.

-Бидејќи едниот говорник само бараше алиби дека ништо не е направено , а другиот говорник кој што е член на комисијата само потврди дека точно дека ништо не е преземено од градоначалничката и од новата локална самоуправа и службите, во поглед на подобрување на безбедноста во општина Битола, рече Борче Димитровски, совеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот  на советот Груевски рече дека и натаму ќе ги потсетуваат за нивното време и ги отфрли обвинувањата на адреса на петровска.

-Не обвинија за алиби политиката која сме ја воделе и сме ја барале секогаш виновници во минатото. Морам да ви кажам дека постојано ќе ве потсетуваме за злоделата и она што го направивте во Битола и Македонија, и нема да водиме алиби политика, меѓутоа нема да водиме политика на брзо заборавање, рече Валентин Груевски, претседател на Совет.

Заклучок за отпочнување на постапка на територија на Општина Битола за организирано собирање на 10.000 потписи потребни за поднесување на предлог закон за заштита и намалување на влијанието врз човековата и животната средина од Енергетскиот комбинат АД ЕЛЕМ Скопје, Подружница РЕК Новаци до Собрание на Република Македонија,не помина на денешната седница на Совет.