Дневниот ред на денешната седница на Советот на Општина Битола беше дополнет и со неколку точки за кучињата скитници и возот Мечо, односно директорот на јавното претприојатие „Паркинзи“.
СДСМ со иницијатива за враќање во функција на шинтерската служба на ЈП Комуналец како преодно решение до евентуалната изградба на стационар за бездомни кучиња и иницијатива до градоначалникот Тони Коњановски да го разреши од функцијата директорот на ЈП Паркинзи.
Претседателката на Советот Габриела Илиевска рече дека директорот на „Паркинзи“ побарал повлекување на точката од дневен ред за цената на возот „Мечо“.
Илиевска со иницијатива за измена на програмата за животна средина за да се обезбедат дополнителни средства за зголемување на средствата за заловување на бездомни животни од 400.000 на 1.000.000 денари.
На ова реагираше советникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски кој рече дека тие побарале зголемување на средствата за дополнителни 1.000.000 деанри, а тоа било предвидено во материјалите за ребалансот на буџетот, велејќи и на Илиевска дека тоа грешно тоа го препишала од материјалите и дека таа бара дополнителни 600.000 денари, а општината планира дополнителни 1.000.000 денари, односно дека таа барала помалку средства.
Овие иницијативи сега се дел од дневниот ред за кој советот ќе расправа, а потоа и ќе се гласа.












