Созовски го менува Петковски на клупата на КК Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолски Пелистер во новата сезона ќе добие нов тренер. На местото на Зоран Петковски доаѓа Предраг Созовски, кој се враќа на местото од пред една деценија, кога го водеше Пелистер на почетокот на амбициозниот проект во кој битолчани играа важна улога во македонската кошарка.

Договорот со Созовски е постигнат, а со него во стручниот штаб ќе соработува Драган Наумов, исто така поранешен кошаркар на Пелистер. Клубот в понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе го претстави новиот стручен штаб, а веројатно и некое од засилувањата.

Пелистер во последните две сезони играше во елитата, а сега подготвува проект како би се издигнал и би играл во плеј-офот.

Share.